Русија во вторникот објави дека протерува дипломати од Белгија, Холандија и Австрија, како одмазда за сличните мерки кои неодамна ги презедоа овие земји поради руската офанзива во Украина.
Русија протера неодреден број белгиски дипломати бидејќи Белгија протерала 21 руски дипломат, а 15 холандски и четворица австриски дипломати ќе мора да си заминат, соопшти руското Министерство за надворешни работи.Белгиските и холандските дипломати ќе треба да ја напуштат Русија во рок од две недели, а австриските до 24 април, соопшти Министерството.
Во изјавата, холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра изрази жалење за одлуката. „Сега ќе ги видиме последиците од тоа што толку многу колеги мораат да ги напуштат Москва и Санкт Петербург.
Во последните неколку недели десетици руски дипломати беа протерани од неколку европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Италија и Шпанија.
Во некои случаи поради војната во Украина, а во други поради шпионажа.
Москва вети дека ќе возврати на секоја од овие мерки.