Бугарин на 77-годишна возраст почина додека чекаше во ред да купи масло за јадење во супермаркет Бургас, објавија бугарските медиуми.
Мажот чекал во ред од 300 метри да купи масло за јадење кое било на промаоција од 2,99 лева за литар масло.
-Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен – изјави очевидец за бугарските медиуми.
Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе вовеле и ограничување на количините на масло за јадење кои се за продажба, бидејќи го складираат во своите магацини.
Бугарски граѓаните на фејсбук споделуваат видеа од турканиците во продавниците.