Првите граѓани почнаа да се собираат во Вестминстерската сала за да го видат ковчегот на кралицата Елизабета Втора, откако чекаа со часови да и оддадат почит на кралицата.
Линијата покрај Темза е долга речиси пет километри и се протега сè до Лондонскиот мост.
Редот може да се следи и онлајн.
Ковчегот ќе биде во Вестминстер до понеделник наутро, на денот на погребот на кралицата.