More

    Регистрирани се 1.215 новозаразени со ковид-19 во Албанија

    spot_img

    Во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи со Ковид-19, каде во последното деноноќие вирусот е потврден кај 46,3 отсто од тестираните,   што е највисока инциденца во последните неколку месеци, јави дописничката на МИА од Тирана.

    „Од направените 2.623 тестови позитивен резултат е добиен кај 1.215 што е 46,3  отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се внесени 646, а починаа две лица на 45. и 84-годишна возраст“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита.

    Моментно активни на болеста се 6.226, а на болнички третман се 27 пациенти.

    Зголемување на заразата е присутно од почетокот на месецов, кога во просек дневно има по околу 800 новозаразени.

    Како што потврдија од Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата, во земјата циркулира варијантата БА5.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img