Албанскиот премиер Еди Рама утрово на аеродромот во Скопје беше пречекан од првиот вицепремиер на македонската влада, Артан Груби.
– Артан Груби е најдобриот Албанец меѓу Македонците и најдобар Македонец меѓу Албанците – истакна Рама во своето обраќање на втората меѓувладина седница во Скопје.
Пред седницата премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека со Рама делат исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард.
„Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците. Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“, напиша Ковачевски.