More

    Разрешен директорот што си ја ангажираше партнерката за волонтерка

    spot_img

    Владата го разреши Ване Цветанов по информациите за ангажирањето на сопствената сопруга, објави 24 Инфо.

    Според извори на редакцијата во Владата, на денешната владина седница, Ване Цветанов бил разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

    Разрешувањето доаѓа брзо по информациите во јавноста дека Цветанов, како Претседател на оваа државната институција, ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

    Очекуваме и официјална потврда од Владата, по завршување на седницата.

    Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелацискиот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години,

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img