Рускиот претседател Владимир Путин, на свеченоста во Москва на која беше одбележана годишнината од анекцијата на Крим, се појави во скапоцена јакна која чини милион и пол рубљи или околу 12.000 евра.
Покрај говорот, скапоцената јакна на Путин привлече уште големо внимание меѓу корисниците на социјалните мрежи.
– Додека Русите се караат околу намирници во супермаркети, Путин пред публиката се појави во јакна „Лоро Пјана“ за речиси милион и пол рубли – се наведува на Твитер.Се работи за италијанскиот бренд „Лоро Пјана“, а јакната чини 1.445.000 рубли (околу 12.200 евра). Британски „Дејли меил“ наведува дека „просечен Русин мора да работи 25 месеци за да ја заработи Путиновата јакна“.
Во 2021 година просечна годишна плата за жителите на Русија изнесуваше 678.000 рубли (околу 5.700 евра), што е помалку од половина од цената на јакната што ја носи рускиот претседател.