Контраофанзивата на украинската војска во изминатите денови, во која таа успеа да ослободи поголема територија која беше окупирана од руските сили, нема да ги промени плановите на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Ова беше првиот коментар на Путин по брзите воените успеси на Украина. Киев тврди дека војската ослободила територија од 8.000 квадратни километри во регионот околу Харков, вториот по големина град во земјата.
Главната цел на Русија, повтори Путин, останува целосното ослободување на регионот Донбас, индустрискиот центар на Украина, каде се формирани и таканаречените „народни републики“ во Доњецк и Луганск.
– Властите во Киев соопштија дека започнале и спроведуваат активна контраофанзива. Но, да видиме како се развива и како ќе заврши. Ние не се бориме со целата армија, туку само со дел од Руската армија, само со луѓето под договор. Природно, ова е заради одредени параметри на персоналот и така натаму. Затоа, ние не брзаме. Но, во суштина, нема никакви промени – изјави Путин.