Децата во средно училиште се кријат, а до нив седи мртов човек, може да се види на снимка од крвавиот масакр кој се случил во рускиот град Ижевск. Во неразјаснетиот инцидент маж ранил најмалку девет деца, а потоа си пресудил. Не е познато кој е човекот на снимката, јавува Мондо.
На лице место се службите за итна помош и полицијата. Водачот на Удмуртија административниот регион во кој се наоѓа Ижевск, Александар Бречалов, рече дека пристигнал во училиштето каде што се случило пукањето.
Според руските медиуми, учениците и професорите кои се нашле среде престрелката сега се евакуирани, а засега нема информации за жртви.
„Поради ситуацијата во училиштето број 88: вклучени се сите сили и средства. На местото работат сите специјалци, како и брзата помош. Пристигнав тука и веднаш ќе пријавам за сѐ што се случува. Во име на министерот за образование на Руската Федерација Сергеј Кравцов, група од федералното министерство беше веднаш испратена во регионот. Министерот за образование и наука на Република Удмурт е веќе на местото на настанот“, напиша тој на Телеграм.