Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје, С.К. пријавил дека на автопатот Скопје-Велес лица кои биле со патничко возило „фолксваген голф“ пукале со огнено оружје кон возилото во коешто се превезувал тој, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Повредени лица нема и нема оштетување на возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.