More

    Просечната цена на струјата во декември e за 142 евра повисока од ноемвриската

    spot_img

    Тимот на ЕДС подготви информација за цената на електричната енергија на берзата во украина за денеска и направи анализа на цените изминатиот месец.

    -Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови – велат од ЕДС.

    Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 406,99 евра/mwh.

    Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9.00 – 20.00) (peakload) постигна ниво од 480,13 евра за мегават час.

    Просечната цена на електричната енергија во текот на месец декември до сега, (baseload till date) изнесува 364,53 евра за мегават час, што е за близу 142 евра повисоко од цената по кој што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.

    – Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето – велат од ЕДС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img