More

    Пронајдени нервни клетки кои помагаат во проодување

    spot_img

    Научниците од Истражувачкиот центар Неврорестор при Универзитетот на Лозана во Швајцарија, идентификуваа група нервни клетки што им помагаат на пациентите со парализа повторно да можат да стојат и да одат.

    Овие нервни клетки или неврони, наречени „Ве-ес-екс-2“, ги има во ‘рбетниот мозок и имаат клучна улога во обновувањето на моторната функција по повреда на ‘рбетот. Во клиничкото испитување учествувале 9 испитаници. Џордан Сквајр, еден од научниците, одговорен за регенеративните терапии за нови неврохируршки третмани, смета дека ова го отвора патот кон повеќе насочени третмани за пациенти со парализа.

    – Сега можеме да целиме кон манипулација со овие неврони за да го регенерираме ‘рбетниот мозок – вели тој.

    Третманот под назив епидурална електрична стимулација – ЕЕС вклучува вградување на мал уред над заштитната обвивка на ‘рбетниот мозок. Истражувањата покажале подобрувања во подвижноста по 5 месеци третман и рехабилитација.

    – Нашата нова студија, каде што 9 пациенти од клиничкото испитување можеа да обноват одреден степен на моторната функција, благодарение на нашите импланти, ни дава значаен увид во процесот на обнова на невроните на ‘рбетниот мозок – изјави Џоселин Блох, неврохирург во Универзитетската болница во Лозана и една од истражувачите во овие испитувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img