More

    Пригожин, главен финансиер на групата „Вагнер“ изјави дека се мешал во американските избори и дека ќе продолжи да го прави тоа во иднина

    spot_img

    Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, главен финансиер на групата „Вагнер“, во понеделникот изјави дека се мешал во американските избори и дека ќе продолжи да го прави тоа во иднина, што е прво такво признание од личност од Русија, пишува Ројтерс. Претходно Вашингтон долго време ја обвинуваше Путиновата власт за мешање на изборите во 2016 година кога победи Доналд Трамп.

    Дали Пригожин ја кажува вистината? Неговата забелешка тој ја објави во пресрет на среднорочните избори во САД како одговор на барањето за коментар од руски сајт за вести.

    „Се вмешавме (во изборите во САД), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, точно, хируршки и на наш сопствен начин, како што знаеме да правиме“, пишува во коментарот кој го објави прес-службата на неговата угостителска фирма „Конкорд“.

    „За време на нашите прецизни операции, ќе ги отстраниме и бубрезите и црниот дроб одеднаш“, се додава.

    Пригожин не даде детали за криптичниот коментар кој се појави на социјалната мрежа ВКонтакте, руски пандан на Фејсбук.

    Пригожин, кој често се нарекува „готвачот на Путин“ затоа што неговата угостителска компанија управува со договорите на Кремљ, формално е обвинет дека спонзорира „фарми на тролови“ (ботови) со седиште во Русија, кои се обидуваат да влијаат на американската политика.

    Во јули, американскиот Стејт департмент понуди награда до 10 милиони долари за информации за Пригожин во врска со неговиот „ангажман во мешање во американските избори“.  Тој е под санкции од САД, Велика Британија и од Европската унија.

    Неодамна Пригожин стана гласен критичар на руската војска во Украина, велејќи дека Путин не го финансира доволно „Вагнер“ и дека не ѝ дозволува на групата да си ја заврши својата мисија на фронтот. Се смета дека тој лично зборувал со Путин за ова. Нашироко е прифатено дека „Вагнер“ играат клучна улога уште од почетокот на војната.

    Во септември годинава Пригожин јавно призна дека ја основал платеничката група „Вагнер“, поврзана со Кремљ, која е активна во Сирија, Африка и во Украина. Минатиот петок тој отвори центар за одбранбена технологија во Санкт Петербург, што е уште еден негов чекор со кој сака да ги истакне своите воени акредитиви и својата важност во Кремљ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img