На 04.02.2023 во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(51) и Л.А.(19), двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.