Денеска (09.02.2022) во 09.55 часот на ул.„3-та Македонска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(52) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница од Основен суд Скопје 1 Скопје за издржување казна затвор од две години. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.