На 28.11.2022 во 15.30 часот на улица „Ѓорги Трајков“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода А.А.(43) од Струмица.
Тој бил фатен при извршување „тешка кражба“ во објект во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај лицето биле пронајдени одземените предмети, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.