Приведен е човекот за кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека сакал да го убие вечерва, потврди МВР, но засега нема дополнителни информации за случајот.
Според информации на Република.мк, станува збор за газда на хотел лоциран во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Тој извади пиштол додека толпата демонстранти поминуваа кај мостот кај Скендер Бег и беше во присуство на другата група која фрлаа камења.
Според А1 он, веднаш по инцидентот, Мицкоски бил евакуиран.