More

    Приватните лекари од утре стапуваат во тридневен штрајк – нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти

    spot_img

    Приватните лекари од утре стапуваат во тридневен штрајк – нема да работат со пациенти и нема да издаваат рецепти. Сепак, тие ќе бидат на своите работни места и ќе примат само итни случаи.

    Штрајкот е за повисок капитационен бод, за промена на законската одредба пациентите да бидат врзани со приватните здравствени установи, за режимот на препишување на лекови.

    Претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) д-р Лили Чолакова-Дервишова вели дека за приватните лекари во примарното и секундарното здравство од 2018 не е покачена капитацијата која е 63 денари, а во јавното здравство платите неколку пати се покачиле.

    Таа додава дека нема покачувања ниту во буџетот кај лаборатории, специјалисти, рурални доктори.

    Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува штрајкот. Не го поддржуваат ниту лекарите по општа и семејна медицина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img