Претставници на Белата куќа разговараат за можноста американскиот претседател Џо Бајден да отпатува во Европа во наредните недели за да разговара со сојузниците за Русија и Украина, изјави денеска извор запознат со ситуацијата за западни медиумми.
Не е сигурно дали патувањето ќе се оствари бидејќи плановите се уште не се финализирани, додаде изворот. Белата куќа одби да коментира.
Тројцата претставници на администрацијата изјавиле дека некои вработени кои работеле на патувањето на потпретседателката Харис останале во Европа за да помогнат во планирањето на можна претседателска посета на регионот.
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.