Премиерот Димитар Ковачевски денеска го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата, соопшти прес службата на владата.
Како што е соопштено Ковачевски ги доставил и кадровските решенија за министерски и заменик-министерски места.
Кренар Лога е предложен за министер за правда, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, е предложен Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а Каја Шукова е предложена за министерка за животна средина и просторно планирање.
На заменичките министерски места според предлогот на премиерот, треба да седнат Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска-Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нихиу во Министерството за образование и наука.
Сегашните министерски фотелји ги напуштаат: Никола Тупанчевски од правда, Беким Салих од здравсртво, Адмирим Алити од информатичко општество и Насер Нуредини од животна средина. Ќе заминат и замениците: Башким Хасани од одбрана, Агим Нухиу од правда, Абдулшуќур Абедини од земјоделие, Владимир Рендевски од здравство и Лулзим Алиу од Министерството за образование.