Првата дама на САД, Џил Бајден в понеделник ќе се појави на овогодишната свеченост за музичките „Греми“ награди како доделувачка, објави Белата куќа.
Водител на доделувањето на „Греми“ наградите годинава е комичарот Тревор Ноа.
По номинациите, организаторите го објавија и составот на доделувачите, па на списокот се раперката Карди Би, поп-ѕвездата Оливија Родриго, глумците Двејн Џонсон, Вајола Дејвис, Били Кристал, како и комичарот Џејмс Корден и канадската уметничка Шанаја Твејн. Бајден не е единствената прва дама што досега се појавила на доделувањето на престижните „Греми“ награди. И поранешната прва дама Мишел Обама беше на таа сцена во 2019 година, а година подоцна освои „Греми“ за албум cо аудиоговор, за нејзините солидно продавани аудиомемоари „Becoming“.
Номинациите за неделните Греми награди беа објавени во ноември. Најмногу номинации има Бијонсе – вкупно девет, со што се изедначи со својот сопруг, раперот Џеј Зи, за најноминирани уметници на сите времиња. Бијонсе и Џеј Зи имаат вкупно 88 номинации за музички награди – гласани од колегите. Џеј Зи оваа година доби пет номинации.
Хилари Клинтон доби „Греми“ во 1997 година како прва дама, за нејзината книга „It Takes a Village“.