Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, пристигна на чествувањето на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Веднаш по неа, во црквата „Свети Спас“ пристигна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски.
Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија положуваат цвеќе на гробот во црквата „Свети Спас“ во Скопје.