На 85 годишна возраст почина македонска театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара.
Актерката во својата богата кариера беше позната по бројните улоги кои ги играше, а најмногу се издвојуваше во Хихирику, Македонски народни приказни, Поштар, Простодушна љубов, Погрешно време, Битолски лакрдии, Волшебното самарче и многу други.
Катерина Крстева е родена во Скопје во 1938 година, а во 1960 година се вработува во Драмски театар – Скопје, од 1968 до нејзиното пензионирање работела во Македонски народен театар – Скопје.
Прекарот по кој ја препознаваа сите го добива од филмот „Во кафулето кај Гане“, каде што ја играше улогата на Мара Попара. Крстева долги години беше дел и од екипата на Хихируку, каде што во оваа радио-комедија играше со Владимир Ангеловски-Дади, Катерина Крстева, Ѓокица Лукаревски, Димче Мешковски, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Стојна Костовска, Ванчо Петрушевски, Емин Унѓел, Петре Прличко и Анче Џамбазова, во режија на Миле Гроздановски, а продуцент и сценарист беше Иван Карадак.