More

    Почина легендарната Бети Дејвис

    spot_img

    Американската пејачка Бети Дејвис почина на 77-годишна возраст во својот дом во Пенсилванија. Смртта настапила природно, како што изјавила нејзината блиска пријателка Даниела Маџио.

    „Со голема тага ве информирам за смртта на Бети Дејвис, мултиталентирана музичка ѕвезда и пионерка, пејачка, текстописец и модна икона“, изјавила во средата долгогодишната пријателка на Бети, Кони Портис.

    „Најмногу од сè, Бети беше пријателка, тетка, внука и сакана членка на заедницата во Хоумстед, Пенсилванија, како и во заедницата на пријателите и обожавателите ширум светот. Дополнително ќе биде објавено времето кога ќе оддадеме почит на нејзината убава, храбра и дрска личност. Денеска го негуваме споменот на неа како слатка, внимателна и рефлексивна личност како што таа беше… Нема друга“.“
    Славата ја стекна во периодот од 1964 и 1975 година и го доби прекарот „кралица на фанкот.
    Таа издаде неколку албуми пред да се пензионира: „Betty Davis“ (1973), „They Say I’m Different“ (1974), „Nasty Gal“ (1975) и „Is It Love or Desire?“, албум објавен во 2009 година, но снимен во 1976 година.

     

    Бети се повлече од сцената во 1979 година и се врати во родниот град Питсбург, каде што живееше до својата смрт.

    Бети беше во брак со џез иконата Мајлс Дејвис, иако парот се разведе по само една година брак. Тоа беше неговиот втор брак. Родена како Бети Мабри, таа настапуваше под името Бети Дејвис.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img