More

    Почина Душко Родев, романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист

    spot_img

    Во Скопје на 30 јуни по кусо боледување, во 91-та година од животот, почина писателот Душко Родев – романсиер, раскажувач, драмски писател и сценарист, соопшти издавачката куќа „Македоника литера“, која во последниве десетина години ги публикуваше делата на Родев.

    Душко Родев е роден на 17 април 1932, Скопје. По образование беше филолог – романист, работел како новинар, слободен репортер, дописник, но и како уредник во издаваштво. Тој беше раскажувач на човекови судбини, на приказни исполнети со иронија и апсурди. Наградуван беше на анонимни конкурси за расказ и со наградата на дневниот весник Утрински весник „Роман на годината“. Родев е автор кој беше премолчуван, дури и забрануван во времето на социјализмот. Последниве десетина години вниманието кај читателите го привлече со двата последни романа – „Човекот што ги сакаше калинките (награда „Роман на годината)“, кој имаше три изданија, и „Во очекување на Нобеловата награда“ кои беа преведени на неколку јазици (српски, бугарски, руски, украински…)

    Родев е автор на книгите: „Беспатици“ (роман, 1963), „Враќање кон црвената земја“ (роман, 1969), „Еребици во каменестиот пејзаж“ (роман, 1974), „Зелена боја по дождот“ (раскази, 1977), „На снегот, со Олја“ (раскази, 1981), „Разговори со Дојрански“ (роман, 1983 – на српски, 1985 – на македонски јазик), „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“ (роман, 1988), „Здраво седма сило“ и „Првиот ешалон“ (драми, 1991), „Косови, зиме“ (раскази, 1998), „Цветот на дивата роза“ (роман, 2005) и „Човекот што ги сакаше калинките“ (роман, 2010) и „Во очекување на Нобеловата награда“ (роман, 2014).

    По негово сценарио е снимен ТВ-филмот „Дивеч за отстрел“ (1992).

    Уште за време на студирањето работел како новинар на „Нова Македонија“, од каде преминал во Македонската радио-телевизија, каде што бил уредник во Драмската редакција. Од таму замина во пензија.

    Душко Родев беше погребан вчера во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img