Поранешниот фудбалер на Шкупи, Мариано Ондо Монсух Ангонг, починал како последица на срцев удар за време на тренинг на селекцијата на Екваторијална Гвинеја. Имаше само 23 години.
Во 2018 година, Мариано Ондо настапуваше за Шкупи, каде забележа три настапи. Беше репрезентативец на Екваторијална Гвиниеја за која одигра седум натпревари.
Тој починал вчера за време на тренинг на својата селекција откако му се слошило и бил префрлен во болница каде починал.