More

    Поранешниот американски потпретседател со оштри зборови на самитот КОП27

    spot_img

    Лидерите на светот сакаат само да ги добијат ресурсите на гас во Африка, смета поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Познатиот политичар е учесник на самитот КОП27 во Египет од каде штo порача дека на колонијализмот мора да му се стави крај, пишува Ројтерс.

    – Сите ние имаме проблем со кредибилитетот. Работиме и почнуваме да работиме, но не правиме доволно. Мора да ја видиме таканаречената брканица за гориво, онака како што таа навистина изгледа. Брзање преку мост, кој не води никаде и ги остава земјите соочени со климатскиот хаос, а милијарди остануваат во изгубени средства, особено во Африка – нагласи Гор.

    Повеќе од сто светски лидери пристигнаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на самитот за климатските промени.

    На отворањето на самитот, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, пред лидерите рече дека светот се наоѓа во „или-или“ ситуација и дека ако не се делува брзо тогаш планетата оди кон климатски пекол и самоубиство.

    Самитот ќе трае до 18 ноември. Притисокот врз земјите но и врз големите нафтени магнати  преку зелени мерки да се одржи зголемувањето на глобалната температура на не повеќе од 1,5 степен расте и е предизвик во светло на војната во Украина која влијаеше на зголемување на цените на енергенсите, но и на храната во светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img