Во Загреб вчера се излеа реката Сава, а според последниот извештај на Државниот хидрометеоролошки завод, водостојот на Сава и нејзините притоки и денеска се зголемува. Последниот измерен водостој на Сава во Загреб изнесувал 160 см, соопшти ДХМЗ.
Обилните дождови вчера го поплавија и селото Јуровско Брдо во Карловачката жупанија, во близина на границата со Словенија. Поради излевање на реката Купа прогласено е вонредна состојба во местата Брдо на Купа и Горски Котор. Само за неколку часа водостојот на реката се зголеми дури за четири метра.
Дождот предизвика поплави во некои делови од Загреб, па улицата Назорова изгледаше непрепознатливо. Еден корисник на Твитер објави видео од оваа улица која сега личи на река.
Инаку, во Загреб со денови врне силен дожд, а поради обилните врнежи од дожд и ветер во Загрепскиот жупански центар 112 синоќа пристигнале повеќе пријави за паѓање дрвја и гранки на далноводи и патишта, а исто така има се повеќе пријави за поплавени гаражи и подруми, пишува „Јутарњи.хр“.