Полицијата успеа да ја реши заложничката криза во трговскиот центар во Дрезден каде што вооружен маж држеше како заложници жена и дете. Насилникот е приведен, но е тешко повреден.
Според медиумските извештаи вооружениот маж најнапред ја убил својата мајка потоа пукал во радиостаница и на карј во трговскиот центар зел заложници.
– Осомничениот напаѓач е тешко повреден и во моментов не е во можност да биде сослушан – изјави портпаролот на полицијата во Дрезден за германската новинска агенција ДПА.
Засега не е познато дали мажот самиот се повредил или бил повреден при апсењето.
– Заложниците, една жена вработена во трговскиот центар и едно дете не се повредени – информира полицијата.
Околу 7 часот и 20 минути полицијата во населбата Прохлис во Дрезден пронашла мртва жена во станбена зграда.
-Убиството е поврзано со заложничката драма во центарот на Дрезден – изјавија од полицијата.