Полицијата сѐ уште го бара крадецот на турбинско масло во кругот на ТЕЦ Неготино, истрагата е во тек. Ова денеска го потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
– Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, се работи на случајот – рече Самарџиев.
Во јули, во полиција била пријавена кражба на турбинско масло, во кругот на ТЕЦ Неготино.
– На 13.07.2022 година во 12 часот, од страна на лицето Н.A. е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3500 литри турбинско масло – рекоа тогаш од СВР Велес.