Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрелал колега во полициска станица во Тирана, Албанија.
Албанската телевизија „Еуроњуз“ објави видео снимки од безбедносните камери на кои се гледа убиството што се случи во понеделникот околу 21 часот.
На него се гледа полициска станица во која седат неколку полицајци. Во еден момент, полицаецот Салиани излегува од станицата и седнува на скалите, а потоа и Заими кој вади пиштол и пука неколку куршуми кон него.
Заими по убиството се обидел да избега, но набрзо бил фатен.
Како мотив за убиството се споменуваат банални расправии.