More

    Познати личности од јавниот живот на минатиот век

    spot_img

    Во организација на Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија и под покровителство на Централната државна канцеларија за Хрвати вон Република Хрватска од Загреб, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје беше промовирана книгата „Хрвати во високообразовниот и културен живот на Македонија во 20 век“ .

    „Низ 40-те страници на книгата се спомнуваат имиња на познати и признати историчари, физичари, хемичари, медицинари, правници, економисти, градежни инженери и архитекти, композитори, диригенти, оперски пејачи, режисери, писатели, творци, идеалисти и практичари кои ја поставиле основата на повоениот македонски високообразован живот и оставиле значаен белег во севкупниот научен и културен живот. Иако мала по обем, книгата е само еден пионерски израз и поттик за натамошно пишување и соработка на двата народа – македонскиот и хрватскиот“, соопшти Заедницата на Хрвати во Република Северна Македонија.
    Книгата е објавена врз основа на Меморандумот за соработка што Заедницата го има потпишано со Правниот факултет при УКИМ.

    Автори на книгата се професорите: Наташа Котлар-Трајкова, Мирјана Поленак-Аќимовска, Владо Бучковски и Гоце Наумовски.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img