Повоената обнова на Украина ќе чини од 500 до 600 милијарди евра, изјави заменичката директор на Светската банка, Ана Бјерде, пренесуваат денеска дел од американските медиуми.
– Претходно ние објавивме бројка, пресметана заедно со Европската комисија и Владата на Украина, колку пари ќе бидат потребни за обнова на Украина и таа да се приближи до европските стандарди, на пример во енергетска ефикасност. Според состојбата заклучно со почетокот на јуни, таа цифра беше 350 милијарди евра – изјави Бјерде.
Според неа, оттогаш таа бројка значително пораснала, приближувајќи се до сегашната оценка.