Латино дивата Џенифер Лопез покажа како изгледа раскошниот дом во Лос Анџелес каде што живее со сопругот Бен Афлек и своите деца.
Во пресрет на проектот на којшто работи, пејачката ја отвори вратата на својата вила на американскиот „Вог“, кога одговарала на 73 прашања.
Првото прашање кое новинарот ѝ го поставил гласело: „Која е најголемата разлика да живееш во Лос Анџелес и во Бронкс?“
„Поголем плакар“, смеејќи се одговорил Џеј Ло.
Џенифер ги пречекала присутните потпирајќи се на влезната врата, која открила огромно фоаје со скап клавир, како и голема маса украсена со многу детали, меѓу кои и фотографии од Бен и од нивната венчавка.
Погледнете го луксузниот дом. Кој не би сакал да живее тука!