Знаеме дека чоколадото е храна за мозокот и го подобрува расположението, а новото истражување откри некои од неговите позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.
Резултатите од истражувањето на Европското здружение за кардиологија, во кое учествувале повеќе од 336.000 луѓе, покажале дека ова слатко го намалува ризикот од срцеви заболувања. Но, тоа не значи дека секој ден можеме да јадеме чоколадо во неограничени количини, пишува Б92.
„Резултатите од претходните истражувања покажаа дека чоколадото позитивно влијае на намалувањето на крвниот притисок, а сега сакавме да утврдиме дали спречува и одредени болести“, изјави авторот на студијата д-р Чајакрит Кританавонг и додаде:
„Ги анализиравме резултатите од шест студии во период од 50 години. Чоколадото содржи хранливи материи здрави за срцето, како што се ксантин, полифенол и стеаринска киселина“.