More

    Околу 17 отсто од студентите во Србија биле изложени на некаков облик на сексуално насилство на универзитетот

    spot_img

    Околу 17 отсто од студентите во Србија биле изложени на некаков облик на сексуално насилство на универзитетот, од кои околу 90 отсто се студентки, а околу 10 отсто се студенти, соопшти денеска Виктимолошкото друштво на Србија, јави Бета.

    Според истражувањето спроведено од Друштвото по повод Европскиот ден на жртвите (22 февруари), повеќе од една четвртина од испитаниците познаваат студент кој бил изложен на некој облик на сексуално насилство на факултет, а најчестиот облик е вербално сексуално вознемирување.

    „Ова е проследено со невербално сексуално вознемирување, физичко вознемирување и сексуално вознемирување со користење современи технологии, додека сексуалната уцена, силувањето и обидот за силување се најретките форми на сексуално насилство на факултетите“, се вели во соопштението на здружението.

    Истражувањето, како што наведоа, покажало дека најголемиот број студенти повеќепати биле жртви на сексуално насилство, кое е најизразено кај вербалното вознемирување од сексуална природа, односно во повеќе од 78 проценти од случаите.

    „Повторената виктимизација е висока и кај невербалното сексуално вознемирување (63,9 проценти) и физичкото сексуално вознемирување (55,4 проценти)“, се вели во соопштението.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img