Судот во Турција им одреди притвор на 17 осомничени за организирање на бомбашки напад во Истанбул, во кој загинаа шест лица, а 81 беа повредени, до почетокот на судењето.Тие се обвинети за напад на унитарноста на државата, за намерни убиства и обиди за убиства, јавува Anadolu Agency.
Судот ги ослободи тројцата осомничени од притвор до почетокот на судењето.Наредено е и 29 уапсени од полицијата во врска со нападот да бидат депортирани од Турција.
Турските власти за нападот го обвинија сирискиот огранок на Курдистанската работничка партија (ПКК). Сепак, ПКК негираше вмешаност во овој напад.