More

    Одличен потег: НБА ѕвездата ја воодушеви јавноста, подарувајќи му на момчето дрес со неговиот потпис

    spot_img

    Мајами го доби големото дерби на Источната конференција против Бостон со резултат 98:95, без разлика што на располагање го немаше својот најдобар играч.

    Џими Батлер го пропушти натпреварот поради повреда, а веста од клубот ја соопштија само еден час пред почетокот на загревањето. Така многу фанови на Батлер останаа без можност да ја гледаат големата ѕвезда на паркетот, а меѓу публиката беше и едно семејство од Аргентина.

    Момчето и неговото семејство носеле дресови на Батлер, а имале и натпис дека прелетале осум илјади километри за да го видат во живо играчот на Хит.

    Тоа не го остави рамнодушен, а иако не играше на натпреварот, Батлер по натпреварот го повика момчето на подот, се дружеше со него во салата и на крајот му подари дрес.

    Батлер сезонава бележи одлични бројки од 21,6 поени по натпревар, а неговиот тим е на шестото место со сооднос од 27 победи и 22 порази.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img