Според известувањата на светските медиуми вечерва има нови експлозии во Киев, а репортерите известуваат дека се слушаат и сирени за воздушен напад.
Неколку големи експлозии се слушнале попладнево околу 18.40 часот по локално време источно од центарот на Киев.
Дописникот на Би-Би-Си од Киев јави дека базата од која испраќа извештаи од теренот била потресена од блискиот оган од проектил и проценува дека борбите да се приближуваат до срцето на главниот град на Украина.
Експлозиите следуваат кратко време откако доцна попладнево беше објавено дека завршила првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација.