Денот ќе биде сончев, во западните делови со појава на мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност преку денот и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува врнежите да бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.
Во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер кога ќе има опаѓање на дневните температури, а во деновите потоа ќе бидат во позначителен пораст.