More

    Од полноќ ќе точиме нафта по „стара цена“

    spot_img

    Малопродажната цена на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 84,5 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 86,5, а Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) за 82,5 денари за литар. Цената на  Мазутот М-1 НС останува 41,81 денари за килограм.

    Последен пат, дизелот имал цена на ова ниво во април годинава.

    Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,23 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,811, кај екстра лесното масло за 1,639 отсто, а кај мазутот има зголемување во просек за околу 0,957 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,614 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img