More

    Од ВМРО-ДПМНЕ ја прашуваат Арсовска зошто нема отчет сработеното

    spot_img

    Помина повеќе од една година од мандатот на Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје, а граѓание не видоа ни отчет ни слушнаа објаснување за сработеното во тој период, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Граѓаните на Скопје кои ја дадоа својата поддршка на изборите сакаат да видат на четвртина од мандатот што сработила Арсовска и дали отпочнала реализција на нејзината програма „За модерно Скопје“. Арсовска ветуваше почист воздух, нови сообраќајници, 5 булевари, кружни текови, паркови, активности за изградба на жичарница од Скопје до Средно Водно, почести и продолжени линии на јавен превоз и многу други проекти кои треба да го модернизираат Скопје. Сето тоа се очекува и да го реализира, а во првата година барем да има некаков почеток на реализација – прашуваат од партијата која има мнозинство во Советот на градот.

    Од партијата велат дека ниту градоначалниците на СДСМ не дадоа отчет за тоа што (не) сработиле во оваа една година. Молчат тие, но молчи и Данела Арсовска.

    – Ја повикуваме градоначалничката на Скопје да излезе и да каже што направила, што почнала, што испланирала. Народот ја плаќа за тоа. Во духот на транспарентноста и отчетноста кои постојано ги споменува, ред е народот да знае каде завршуваат парите на Град Скопје – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img