Знаеме дека недоволното количество течности, стресот или прекумерното гледање во екраните може да доведат до главоболки. Но, има и други грешки кои ги правиме секој ден, а кои го предизвикуваат овој здравствен проблем без воопшто да го знаеме.
Главоболката е досадна, но доста честа болест која може да се појави поради повеќе причини. Кога чувствуваме главоболка, прво може да помислиме дека не сме пиеле доволно течности или дека сме поминувале премногу време пред екраните.
Всушност, главоболката може да се појави и од други причини. Следниве три причини се исто така доста чести.
Неправилно држење на телото
Неправилното држење на телото може да предизвика различни проблеми, вклучително и главоболки, бидејќи создава голем притисок на вратот, што може да доведе до главоболки.
Предолго седење
Ако поминуваме многу време седејќи во текот на денот без соодветни паузи, притисокот во вратот се влошува, што повторно може да биде причина за главоболки. Доколку имате работа која бара да седите поголем дел од времето, важно е барем еднаш на час да станете и да се истегнете малку, пишува CityMagazine.
Несоодветна перница
Пожелно е да спиеме 8 часа дневно, што е една третина од денот, па не е чудно што сонот влијае и на нашето здравје. Ако немаме соодветна перница за поддршка на вратот, тоа може да доведе до главоболки, меѓу другото.
Ако имате чести главоболки, размислете за вашиот животен стил и како би можеле да го промените. Ако, по корекции на однесувањето, сè уште се појавуваат главоболки, консултирајте се со лекар.