Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 6 до 12, а максималната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни. Од среда дневната температура ќе биде во пораст.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 19 литри на метар квадратен, наврнале во Куманово, а најмалку, еден литар, во Маврово, Лазарополе, Штип и Демир Капија.
Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Лазарополе, два степена, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 14 степени.
Минималните температури до 8:30 часот биле – четири степени на Попова Шапка и Маврово, пет во Претор и Крушево, шест во Битола, седум во Крива Паланка, Охрид и Берово, девет во Прилеп и Куманово, десет во Струмица, 11 во Тетово и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип и Дојран, како и 13 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија.
До 8 часот утрово се иземрени и 10 литри дожд на метар квадратен во Прилеп и Дојран, четири во Крива Паланка, Гевгелија, Берово и Крушево, три во Претор и Ѓуриште, како и два литра во Тополчани.