Новинарските здруженија и асоцијации, ЗНМ, ММА, СЕММ, ССНМ и ММА жестоко реагираа на политички етикетирања на новинари од Канал 5 и од Телма.
„Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа“, велат од ЗНМ.
Од таму потсетувааТ дека ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири.
„Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите“, порачаа од ЗНМ.
И Македонската медиумска асоцијација реагира за навредувањето и омаловажувањето на новинарите од Бектеши.
„Сметаме дека тоа е елементарна цензура од позиција на моќ. Однесувањето на министерот е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста. Очекуваме извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото“, се наведедува во соопштението од ММА.