More

    Николовски и Бачовски ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалки за ориз, одобрени на последниот повик објавен минатата година

    spot_img

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски денеска ги врачија клучевите за првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалки за ориз, одобрени на последниот повик објавен минатата година.

    Право на учество на повикот имаа сите земјоделци кои располагаат со минимум еден хектар ориз.

    Вкупната вредност на набавката е 32 милиона денари од кои 17,8 милиони се кофинансирана сума, обезбедена од Програмата за рурален развој преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.

    – Со овие инвестиции го поддржуваме оризопроизводството и ги мотивираме земјоделците кои го произведуваат нашето „бело злато“ да продолжат да го зголемуваат производството, а ние продолжуваме со поддршката за набавка на уште нови комбајни. Наскоро ќе биде објавен нов повик за набавка на специјални комбајни за ориз во кој првпат ќе биде вклучена и поддршка за набавка на мобилни сушари за ориз со што дополнително придонесуваме оризопроизводителите да ја зголемат ефикасноста при собирање и чување на зрното веднаш по жетвата – изјави министерот Николовски.

    Според него, оризопроизводителите со новите комбајни веќе нема да треба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат.

    – На овој начин влијаеме врз заштитата и на животната средина – потенцира Николовски и додаде дека Министерството продолжува да имплементира мерки кои го осовременуваат домашното земјоделство.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img