More

    Никола Ристановски е добитник на гран при во Никшиќ

    spot_img

    Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ.

    Како што соопшти НУ Македонски народен театар, оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.
    Оваа награда, велат од МНТ, е трета по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински”, Прилеп, и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР”, Србија.

    Истовремено, додаваат од Македонскиот народен театар, таа е и уште една театарска награда во низата награди која тој ја добива, а со тоа е и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

    ФОТО: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img