More

    Нема најва за намалување на цената на патарините, Владата анализира дали е доволна цената од 2,57 денари по километар

    spot_img

    Нема најва за намалување на цената на патарините, но владата анализира какви ќе бидат цените во наредниот период бидејќи овој приход е потребен за изградба на патишта. Директорот на  ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми вели дека се во контакт со Министерството за транспорт и врски,  Министерството за финансии околу ова прашање и се разгледаат сите можности во текот на оваа година ќе се разгледаат сите можности околу цените на патарините.

    – Се врши целокупна анализа бидејќи сите приходи што доаѓаат од патарините ние ги вложуваме во изградба на нови патишта и на рехабилитација на сите патишта што ги имаме во државата што спаѓаат кај државните патишта – изјави денеска Рустеми.

    Тој рече дека цената на патарините се утврдува според закон врз основа на поминат километар и изнесува 2,57 денари.

    – Кога зборуваме за начинот на плаќање на патарините тоа е утврдено за висината на цената според Законот за државни патишта, но истовремено треба да ве информирам дека ние како ЈП веќе имаме еден модел, тоа е модернизација на Коридорот 10 што е веќе извршено каде што имаме електронско плаќање. Тоа е подобра метода која се поддржува и од ЕУ. Веќе и во ЕУ доста држави имаат иницијатива да ги тргнат винетите и да се пременува на електронско плаќање. Ние веќе имаме овде електронско плаќање и овие две патарини на релација Миладиновци – Штип ќе бидат со електронско плаќање. Така што патарината во Преод ќе биде 50 денари, а во Кадрифаково ќе биде 70 денари – рече тој.

    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој заедно со него беше на увид на изградбата на експресниот пат Крупиште-Кочани најави дека многу брзо ќе се санира свлечиштето на автопатот Штип-Миладиновци.

    -Денеска и утре тимови на ЈП Македонија пат ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен може да ја извршат и да ја завршат како Јавно претпријатие, а се она за што ќе биде потребна поголема механизација ќе биде избрана компанија на тендерска постапка која што е во тек. Така што, се прават сите подготовки да се санираат овие две свлечишта и автопатот целосно и комплетно да биде со целиот свој обем пуштен во функција- рече  Бочварски.

    Во тек е и изградбата на двете патарини на автопатот Штип-Миладиновци кај клучките Кадрифаково и Преод, а директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми најави дека се очекува до крајот на мај да бидат целосно изградени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img