Килијан Мбапе изненадувачки се врати на тренингот на Пари Сен Жермен во средата, само три дена по поразот на Франција во финалето на Светското првенство во 2022 година против Аргентина.
Пари Сен Жермен најпрво објави слики на својот Твитер профил на кои се гледа како напаѓачот излегува од комбето и брза кон просториите на тренинг центарот лоциран во Сен Жермен-ан-Леј.
Твитот беше придружен со зборовите „Килијан Мбапе се враќа на тренинзите оваа среда“. Од клубот за агенцијата Франс прес потврдија дека Мбапе продолжува со тренинзите со ПСЖ.
Ова враќање е вистинско изненадување бидејќи играчите на ПСЖ кои настапија на Светското првенство во Катар требаше да имаат најмалку десет дена одмор пред да им се приклучат на своите клупски соиграчи. Враќањето на Мбапе, најдобриот стрелец на Светското првенство (осум гола) не се очекуваше пред јануари 2023 година.
ПСЖ не го прецизираше остатокот од тренинг програмата на Мбапе. Парижаните на 28 декември ќе одиграат првенствен натпревар против Стразбур на „Паркот на принцовите“, а потоа ќе гостуваат во Ленс на 1 јануари.
Програмата на N1 телевизија можете да ја следите ВО ЖИВО на овој линк како и преку апликации за Android|iP