Најмногу дожд во 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 44 литри на квадратен метар, според мерењата во 8 часот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Пожаране има 33 литри воден талог на квадрат, 31 во Маврово, 29 во Тетово, 21 во Лазарополе, 19 во Крива Паланка, 18 во Скопје-Зајчев Рид, 17 во Куманово, 9 литри на квадратен метар во изминатото деноноќие се измерени во Ѓуриште, седум во Скопје-Петровец, три во Крушево и еден во Охрид и Берово.
На Попова Шапка е измерена и најниска температура утрово, 9 степени, 10 во Лазарополе, 11 во Маврови Анови, 12 во Крушево, 14 во Крива Паланка, Тетово, Куманово, Берово и Претор, 15 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Прилеп и Охрид, 17 степени во Битола, 18 во Штип, Гевгелија и Дојран и 19 степени во Демир Капија.